ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Концептот за основно образование останува

Недостигот на учебници во основното образование принуди многу наставници сами да си обезбедат наставни материјали и да ги дистрибуираат до учениците. Алсат беше во основното училиште „Дитурија“ во село Гошинце во општина Липково, каде учениците рекоа дека им недостасуваат книги за одредени предмети.

Advertisements

„Ми недостасуваше книга по англиски, германски. Наставничката по германски ни ги обезбеди сите книги“, ученичка

„Имаме неколку книги кои се оштетени, тоа е по англиски јазик, ученичка

Дали ги  фотокопирате книгите  или ги купувате ?

„Не, не ги фотокипираме.

„Ми недостигаа само Техничко образование,  и германски, но наставничката ни донесе. Немаме ни музичка книга, наставникот самиот ни обезбедува материјали“, Ученик

Наставничката Фатиме Рустеми рече дека училиштето не го добило потребниот број книги.

„Кога почна учебната година немавме книги. Потоа самоиницијативно отидов во книжарница во Скопје, ги обезбедив, ги земав приватно, а потоа ги обезбедив и за учениците, рече Фатиме Рустеми, учителка

Исто така, новиот наставен концепт во ова училиште се реализира со обични книги поради недостиг на дигитални табели.

„Имаме интернет, но имаме и недостаток на смарт табли. Овде сме должни да одржуваме  час со класични книги како што беше досега, но книгите се обезбедени, донесени од Министерството за образование“, изјави Ќерим Зимбери, директор на ОУ „Дитурија с.Гштинце

 Министерот за образование Јетон Шаќири за Алсат изјави дека новиот наставен концепт нема да се повлече туку истиот ќе биде дополнет со позитивни елементи.

 „За четврто и петто одделение треба да се види можноста како да се надмине недостигот на учебници за учениците, и учебникот да биде дополнет со дигитален материјал или дигитална книга и слично и ова го гледам овој важен процес. Ќе се земат предвид сите предности и тешкотии од 2021-22 година, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука

Во приградското училиште „Дитурија“ во село Гошинце учат 22 ученици од прво до деветто одделение. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button