Шаќири: На Синдикатот на Државниот испитен центар веќе му е понудено решение

Додека трае штрајкот во Државниот испитен центар, за зголемување на платите за 25 отсто, министерот за образование Јетон Шаќири, ова го оценува како не многу добра практика. Според Шаќири, секој се обидува да користи механизам за условување за да постигне одредена цел.
Шаќири рече дека на Синдикатот на Државниот испитен центар, веќе му е понудено решение од Министерството за финансии, но истото не е прифатено. Синдикатот на Државниот испитен центар повторно го активираше штрајкот со барање за зголемување на платите за 25 отсто. Зголемувањето кое го бараат треба да важи за сите вработени во Државниот испитен центар кои организираат тестови за ученици и наставници. Овој штрајк нема да остане без последици. Активностите кои се одвиваат во овој период во Државниот испитен центар, и чие спроведување ќе биде доведено во прашање се: стручен испит за наставници и стручни соработници каде има 700 пријавени кандидати.
„Да не го користиме овој механизам и одреден број наставници да не добијат решенија. Ова, понатаму, ќе добие политички карактер, бидејќи тие наставници доаѓаат од општините, парламентарни избори се приближуваат и така натаму. Да се продолжи дискусијата во институциите, да се најде друга форма на изразување на тоа незадоволство, да се најде начин со тоа што нема да се работи на почетокот на денот, или во текот на денот, а не веднаш да се блокира институцијата“, рече министерот Шаќири.