ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири нема да бара одговорност за незаконскиот конкурс за избор на ректор

Прекршувањата во Универзитетот во Тетово поврзани со именувањето на Куштрим Ахмети за ВД ректор без да биде редовен професор и необјавувањето на конкурс за ректор во законскиот рок, констатирани и од страна на Просветниот Инспекторат, не го убедуваат министерот за образование, Јетон Шаќири, во овој момент да преземе мерки за санкции против овој универзитет. Министерот Шаќири за АЛСАТ изјави дека фактот што УТ ги отфрлил наодите на Инспекторатот, е довоно, тој да не презема мерки.

„Не, тоа не е конечна одлука во процес кога има извештај од инспекторатот и имаме друга страна која се противи на тој извештај од инспекторатот. Постојат и други тела кои одлучуваат, било инспекторатот или второстепениот орган кој одлучува, или судска постапка меѓу страните“, вели Шаќири.

Сепак, тој го повлече својот претходен став – кога го бранеше Универзитетот во Тетово во однос на дополнителните критериуми за избор на ректор, критериуми кои, тогаш тврдеше дека давале дополнителна вредност на процесот. Денес рече дека самиот тој побарал од Универзитетот во Тетово да ги отстрани.

„Имаше извештај од инспекторатот и во исто време имаше одговор и од универзитетот. Јас побарав од Универзитетот во Тетово двата критериуми кои не беа предвидени во Законот за високо образование, не беа ниту критериуми предвидени и на конкурсите на универзитетите кои сега ги завршиле постапките, да имаат разбирање и да не ги вклучуваат во новиот конкурс“, додава Шаќири.

По серијата прилози на Алсат дека Универзитетот со дополнителните критериуми за избор на ректор го прекршил Законот за високо образование, што беше констатирано и од Државниот просветен инспекторат го полече конкурсот и распиша нов. Сепак за утврдените прекршувања, никој не е санкциониран. Процесот за избор на нов ректор на УТ е во тек, а министерот не одговори дали наодите на инспекторатот, на крајот може да го поништат и овој конкурс како неважечки.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button