ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Отворањето на албанска парарелка во Чашка е законско

Министерот за образование Јетон Шаќири, рече дека албанската паралелка за првпат отворена во Чашко, Велес, ќе функционира како и сите други македонски паралелки, бидејќи за нејзиното отворање се испочитувани сите законски процедури.

„Се постапува според барањето на родителите на децата кои сакаат отварање на паралелка, и според уставот дека треба да се обезбеди можност секој да учи на мајчин јазик, но интересен е фактот што директорката пратила барање до МОН, врз основа на барањето на претходниот директор, но по неговото барање реагирала општината. И по овие документи МОН даде позитивна согласност“, вели Шаќири.

Учениците Албанци, кои веќе учат на македонски јазик велат дека се соочуваат со многу потешкотии.

„Дали знаеш нешто албански?
Не, ништо.
Дали си се обидела да научиш нешто?
Да, азбуката.
Дали имаш лектира на албански јазик?
-Не.
Во вашиот клас, колку ученици сте Албанци?
Десет!

Дел од македонските жители на Чашка, изјавија дека не знаат за што протестираат.

Некои жители сметаат дека треба да се отвори албанската паралелка, а меѓуетничките омрази се поттикнати од политиката.

Отворањето за првпат на албанска паралелка во основното училиште „Тодор Јанев“, во ппштина Чашка ги револтира македонските жители. Гневни од оваа одлука, тие веќе неколку дена не им дозволуваат на децата да реализираат настава, барајќи укинување на оваа одлука и враќање на ингеренциите за образование во Општина Чашка.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button