ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Шаќири: Постои можност утре или задутре да имаме средба со СОНК

Во емисијата „200“, во Алсат, се разговараше за штрајкот на СОНК во училиштата и градинките каде министерот за образование, Јетон Шаќири рече дека постои можност утре или задутре да имаат средба со СОНК.
„Пред средбата со Владата имав средба со министерот за финансии, со вицепремиерот за економски прашања, ја направивме прелиминарната координација и ќе ги видиме сите можности во наредните денови. Во наредбите денови можеби утре или четврток ќе следи средба. Во претходниот состав што го споменав имавме две-три средби со претставниците на Синдикатот, но и порано како министер ги имавме овие средби”, изјави Шаќири. /Алсат.мк