ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Се надевам дека СОНК ќе има позитивна одлука за наставата

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува дека на состанок на членството и раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе биде прифатен вчерашниот заклучок на Владата – со ребалансот на Буџетот да се обезбедат пари за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти и дека штрајкот ќе биде прекинат, а социјалниот дијалог ќе продолжи за другите барања на Синдикатот.

Advertisements

Шаќири смета дека ако причината за одбивањето на 10-те отсто покачување е во тоа што биле усно ветување, сега понудата е во пишана форма во првиот  заклучок од вчерашната седница на Владата.

– Се надевам и треба да има одлука во корист на децата. И покрај нивното несогласување со ситуацијата, очекувам да има настава, а ние да продолжиме со преговорите иако не се согласуваме со одредена точка. Ако СОНК повторно одлучи (за штрајк), ние како министерство ќе ги разгледаме сите законски можности за начинот на реализација на настава. За реалната ситуација ќе се соберат податоци во текот на утрешниот ден, после вторник ќе видиме. Но, пак кажувам – се надевам дека ќе имаме позитивна одлука за наставата на децата во основните и средните училишта. За другите работи ќе може да преговараме понатаму, рече Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button