Шаќири: Се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27 мај

Се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27 мај, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири во одговор на новинарско прашање.
– Мислам дека од почетокот на штрајкот, мојот став е тој, дека не можеме секогаш да ги поврзуваме важните процеси, со некои барања. Тие да, ги поддржувам барањата, но пак мојот конечен став, е, дека државната матура ќе се полага на 27, кога што е предвидено според рокот. Не само дека е барање на министерот, но исто така е барање и од средношколците и како такво барање, мислам дека денеска и во комуникација со ДИЦ и вчера имаа состанок Управниот одбор на ДИЦ. Според информациите што јас ги добивам како министер, се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27, рече министерот. Ако е потребно, нагласи „и кадар на вработени од страна на Министерството ќе доставиме од понеделник, за да може да ги завршиме работните задачи“.