СПОРТ

Шаланд доби отказ од клупата на репрезентацијата на Косово

70-годишниот швајцарски техничар, Бернард Шаланд доби отказ од клупата на репрезентацијата на Косово. Неуспехот во европскиот плеј-оф а потоа и разочарувачкиот настап за пласман на Светското првенство, каде Косово моментално е последно во групата, ги влоши односите меѓу челниците на косовскиот фудбал и швајцарскиот селектор. Шаланд нагласи дека неговата цел не биле само резултати, туку постигнувањето на севкупен национален напредок. Сепак, призна дека слабите резултати доведоа до ова. Швајцарскиот тренер рече дека му се заблагодарува на претседателот на ФФК, Агим Адеми  за досегашната соработка. Првиот човек на косовскиот фудбал, Адеми истакна дека Шаланд не ги исполнил бараните цели. Инаку, Шаланд беше назначен на оваа функција на 2 март 2018 година и на 28 официјални натпревари со Косово, постигна 9 победи, 7 нерешени и 12 порази, додека претходно ја предводеше репрезентацијата на Ерменија и екипите на Цирих, Сион, Јанг Бојс , но У21 Швајцарија.

Advertisements

„Му благодариме за сработеното што го постигнавме во Лигата на нации, но понатаму, не ги исполнивме нашите цели и заеднички одлучивме да ја прекинеме соработката. Тренерот на Шаланд повеќе нема да биде тренер на нашиот тим и нема да ја продолжиме соработката понатаму. Размислуваме за нешто понатаму, благодарам на Шаланде за се“, рече Агим Адеми- претседател на ФФК.

„За мене најважно беше напредувањето во тимот, знам дека за вас најважни беа резултатите, но не и за мене. Тоа требаше да се подобри и имав големо задоволство со тимот на теренот. Имавме исклучителни моменти, во начинот на игра, она што го изградивме и создавањето акции… не ми се допаѓа отказот, знам дека беа потребни резултати, но  го прифаќам. И морам да кажам дека не сум среќен со одлуката на Адеми, но сепак благодарност до претседателот, Федерацијата, големата поддршка што ја дадоа, што влијаеше врз резултатите и тоа што го изградивме“, рече Шаланд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button