ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаленберг оптимист за преговори во јуни

Дијалогот со Бугарија е напреднат, оценува австрискиот министер за европски прашања Александар Шаленберг, кој после вчерашната посета на Софија, денеска од Скопје сподели дека очекува старт на преговорите за членство со Македонија и Албанија.

Advertisements

„Навистина ме охрабрува што гледам дека се приближуваме кон решавање на проблемот. Сите делови од мозаикот се ставени на маса, сега треба само да ги сложиме. Се надевам дека пред почетокот на летото ќе дојде до почеток на преговорите“,, рече Шаленберг.

„Како поминува времето сè поразреден ќе биде тој политички капитал и таа поддршка на граѓаните за да може да отвориме ново поглавје во нашите односи и сметам дека ова е одлична, можеби и последна можност во која ќе има таков конструктивен политички капитал. Тоа е проценка, не е ултиматум кон ЕУ, ние немаме алтернатива од членството во Унијата“, рече Османи.

Австрискиот министер Шаленберг пак, не ја коментираше во детали идејата која вчера ја презентираше Макрон, но нагласи дека регионот мора да се интегира во ЕУ. Макрон, без да сподели многу детали, најави консултации со европските лидери за формирање нова европска политичка заедница, која покрај членките, ќе ги опфаќа и земјите од Западен Балкан, Украина, Грузија, Молдавија, но и Велика Британија, а многумина го поставија прашањето дали оваа нова заедница ќе биде замена за процесот на зачленување во Унијата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја поздрави идејата на Макрон, но притоа кажа дека зачленувањето со земјите од Западен Балкан продолжува.

„Оваа идеја не нѐ спречува да го завршиме, тоа што го започнавме и на што работиме веќе извесно време. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, бидејќи тие донесоа многу длабоки и храбри одлуки. Тоа треба да биде наградено. Го наведувам примерот на Северна Македонија, таа имаше храбри политички лидери кои направија храбри чекори за да започне процесот на зачленување“, рече Шолц.

Според македонските власти нема замена за членството во Унијата, а идејата на Макрон била промовирана во пресрет на новите разговори помеѓу ЕУ и Украина, Молдавија и Грузија и нивната европска перспектива.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button