
Денис Шрeдер, кошаркарот на Бруклин Нетс и репрезентативец на Германија, со која минатата година стана светски првак и најкорисен играч на турнирот, ја изненади публиката на натпревар во Германија откако играше за Блекенштет, кој се натпреварува во шестата лига.
Тој пристигна половина час пред почетокот на натпреварот со Ролс-Ројс и го облече дресот во кафуле до теренот. Нешто подоцна тој беше дел од стартната постава на клубот со бројот 17 на грбот. Тој играше до 62. минута од натпреварот против Гетинген 05. Блекенштет го загуби натпреварот со 1-5. Врската меѓу Шредер и Блекенштет е неговиот зет Даниел Зиоло (27), играчот од средниот ред на тимот.
Шредер е дел од најсилната кошаркарска лига во светот од 2013 година. Во својата кариера ги носеше дресовите на Атланта Хокс, Оклахома Сити Тандер, ЛА Лејкерс, Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс, Торонто Репторс, а во февруари оваа година тој беше трејдуван во Нетси, за кои имаше просек од 14,6 поени, со 3,5 скока и 6,0 асистенции по натпревар./Gol.mk/