ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шар Планина ќе биде прогласена за Национален парк до јуни

Шар планина се очекува официјално да биде прогласена за Национален парк од втора категорија до јуни. Иако на почетокот на март Владата го одобри предлог-законот за оваа планина да го добие епитетот заштитена зона, се очекува тој да влезе во собраниска постапка во текот на првата недела од април. Министерот за екологија вели дека пречките во Собранието го одложувале процесот, па денеска вети дека по деблокирањето на седниците за нацртот ќе се гласа и ако помине ќе стане официјален до јуни.

Advertisements

 „По одобрувањето на предлогот во Собрание, треба да ги утврдиме активностите кои можат да се спроведат во согласност со дефинираните заштитни зони. Покрај заштитата на уникатните природни вредности на нашите планински богатства, во исто време треба да обезбедиме социо-економски развој на регионот и да ги заштитиме интересите на локалното население, обезбедувајќи одржлив економски развој.“

 Над 80% од жителите на Тетово и Гостивар, како и 38 села во Шар Планина сметаат дека планината треба да стане национален парк. Сè поголема е свеста кај населението дека Шара треба да биде заштитена особено во делот на растенијата, шумите и дивите животни. Станува збор за анализа на Македонското еколошко друштво и платформата „Пријателите на Шара“ од последните три месеци, а податоците беа споредени со истото истражување спроведено во 2016 година во сите општини во Полог.

„Оваа студија или истражување е голема поддршка во процесот на прогласување на Шар Планина за национален парк од втора категорија. Исто така, јас сум задоволен од големата улога на граѓанското општество како Македонското еколошко друштво и Пријателите на Шара како платформа.“

Со децении Шара се соочува со незаконска сеча, градежна експанзија, загрозување на растителниот и животински свет и со изградба на мали хидроцентрали. Во Косово планината е прогласена за Национален парк повеќе од 30 години. Со прогласувањето на Шар Планина за национален парк, вкупно 13,2% од територијата на Македонија ќе се трансформира во заштитена зона.

Adna Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button