МАКЕДОНИЈА

Шеесет и двегодишник од Струшко е осомничен дека со пушка убил седум кучиња, бил повикан на разговор во полиција

Шеесет и двегодишник со иницијали М.З. од струшкото село Ливада вчера бил повикан на службен разговор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга. Тој е осомничен дека на 10 јануари во рок од половина час (од 6:45 до 7:15 часот) со својата пушка усмртил седум кучиња скитници, информираа денеска од СВР Охрид преку писмено соопштение.

Advertisements

„Од него е одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението на СВР Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button