ВЕСТИЗАБАВА

Шефица излажала дека ги носи вработените во забавен парк! Погледнете кај ги однела …

Шефица ги награди сите свои вработени со луксузен одмор на Кариби за да им се заблагодари за нивната работа во текот на изминатите 10 години.

Хелен Билтон управува со англиска компанија со 32 вработени, кои неодамна ја прославија 10-годишнината од основањето. По тој повод, Хелен одлучила да им приреди „мало“ изненадување на своите лојални вработени.

За време на состанок минатата година, великодушната шефица му рекла на својот персонал од „The Group Company“ дека ќе имаат слободен ден на 10-годишнината и дека ќе ги води во посета на забавен парк. Но, веднаш по состанокот, Билтон започнала да планира нешто далеку повозбудливо – патување во Барбадос, со три ноќевања во хотел со пет ѕвезди.

„Помислив дека луѓето кои најмногу заслужуваат честење се луѓе кои работат напорно деноноќно за бизнисот“ – рекла таа. Откако Хелен им соопштила на своите вработени дека луна паркот е затворен и дека ќе одат во Барбадос, тие мислеле дека се шегува. „На следниот состанок им кажав дека Flamingo Land е затворен и дека наместо тоа ќе одиме на Барбадос. Не можеа да веруваат. Мислеа дека се шегувам“ – додала Билтон.

„Силно верувам дека ако луѓето ја сакаат работата која ја работат, тогаш ќе бидат подобри во неа. Очигледно е дека ако се однесуваш кон луѓето добро и ако ги наградуваш на пријатен начин, ќе имаш и ти бенефиции, бидејќи тие ќе сакаат да доаѓаат на работа, ќе ги надминуваат твоите очекувања со својот труд. За мене е win-win ситуација“ – објаснува Хелен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button