ВЕСТИРЕГИОН

Шефицата на УНМИК: Потребно е поконструктивно вклучување на Белград и Приштина

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека итно е потребен поактивен и поконструктивен ангажман на Белград и Приштина во дијалогот. За време на разгледувањето на новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, Зијаде рече дека „ги потсетува двете страни на потребата целосно да се почитуваат сите претходно преземени и ратификувани обврски во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ“.

Advertisements

На седницата посветена на извештајот на Гутереш за периодот од 16 март до 15 септември 2022 година, Зијаде рече дека „проблемите што изгледаат решени лесно можат да се вратат на врвот на агендата на дијалогот“. „Затоа, одговорноста станува поголема за обезбедување блиска координација меѓу различните мисии на теренот. Кога работиме заедно, кохерентно и ефикасно, можеме да придонесеме за разјаснување на недоразбирањата и да избегнеме ескалации“, рече Зијаде. Таа додаде дека има многу избори кои политичките водачи можат да ги направат во наредните денови за тоа како ќе управуваат со своите амбиции и цели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button