
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во текот на денешната посета на Косово, како што е најавено, ќе се состане со шефот на косовската дипломатија, Доник Гервала Шварц. Тој пред оваа посета телефонски разговарал со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.
„Разговаравме за најновите настани во Западен Балкан“, напиша Дендиас на Твитер. Грција е една од петте земји на Европската унија кои не ја признаваат независноста на Косово, но официјална Атина објави дека ќе му помогне на Косово да добие визна либерализација за патување во ЕУ. Косово и Грција неодамна ја зајакнаа економската соработка, така што третиот заеднички економски форум за енергетика се одржа во април, организиран од нивните министерства за надворешни работи.