СВЕТ
Шефот на НАТО: Честитки за Трамп, неговото лидерство ќе биде клучно за да останеме силни

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му честита на Доналд Трамп откако републиканецот прогласи победа на претседателските избори во САД.
„Само што му честитав на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на Соединетите Држави. Неговото лидерство повторно ќе биде клучно за да ја одржиме силна нашата алијанса. Со нетрпение очекувам повторно да работам со него за промовирање на мирот преку НАТО“, рече Руте.
Според проекциите на агенцијата Асошиејтед прес и други водечки медиуми, Трамп е на чекор до победа на претседателските избори во САД откако обезбедил 267 електорски гласа, а неговата ривалка, демократската кандидатка Камала Харис, има 224.