СВЕТ
Шефот на НАТО ги повика САД да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, а Европа ќе го платела

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика САД да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, а Европа ќе ја плати сметката.
„Во поглед на Украина, ни треба САД да останат вклучени. Ако новата администрација на Трамп сака да продолжи да ја снабдува Украина од својата одбранбена индустриска база, сметката ќе ја платат Европејците, апсолутно сум убеден во тоа“, кажа Руте.
Тој реагираше на изјавите на Трамп од оваа недела дека Европската Унија мора да стори повеќе за да ја поддржи Украина.
„Путин не смее да победи, а ние не смееме да ја намалиме поддршката за Украина. Фронтот се движи во погрешна насока“, изјави Руте.
Тој додаде дека Трамп е во право кога вели дека европските сојузници треба да трошат повеќе за одбраната.
„Тој е во право, САД не се проблем, туку Европа“, кажа Руте.