ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Припадниците на армијата и воено медицинскиот центар се уште работат како дел од јавното здравство

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска денеска истакна дека припадниците на армијата и воено медицинскиот центар се уште работат како дел од јавното здравство и присутни се во различни делови, работат со болни лица, работат на епидемиолошки анализи и на поддршка на јавните здравствени установи.

– Ние имавме и вонредна и кризна состојба и тие состојби се разликуваат и во правната основа и во процедурата, но една работа е стандардна. Во вонредната состојба и во кризната состојба вооружените сили, армиските припадници се ставени во функција на поддршка на цивилни институции. Можеби нема толку вести затоа што тоа ни стана стандард, изјави Шеќеринска.

Таа додаде дека и кога епидемиолошката состојба беше во фаза на помал број заразени лица, бројот на армијата во јавносто здравство остана ист, а доколку постои потреба армијата ќе биде и ангажирана во процесот на имунизација, односно вакцинација, зависно од потребите на институциите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button