
Шекил O‘Нил откри неверојатна приказна поврзана со неговата кариера, обелоденувајќи дека бил позитивен на кокаин за време на тестирањето додека траеле Олимписките Игри во Атланта во 1996 година.
Тој говореше за суспензијата од 25 меча што ја доби Боби Портис од Милвоки за прекршок на програмата за борба против допингот, иако неговиот агент тврди дека станува збор за бизарен пропуст – конзумирање на лек против болки со многу слично име на лек што се наоѓа на листата на дозволени средства.
„Знам дека може да се дојде до позитивен резултат на допинг-тест на бизарен начин, јас сум жив пример за тоа. На ОИ во Атланта ни беше речено да не јадеме пред тестирањето, но бевме присилени да стоиме во редица по 3-4 часа. Видов мафини со мак и решив да ги изедам. Кога луѓето од нашиот тим видоа – беа шокирани… На крајот излезе дека мојот тест е позитивен на кокаин. Не можев да поверувам, никогаш немам направено ништо слично, никогаш немам користено дрога, прво што ми падна на памет е дека мајка ми ќе ме убие. За среќа, ситуацијата се среди“, прокоментира Шекил.