СВЕТ

Шеснаесет земји преку заедничка изјава побараа итно ослободување на заложниците во Газа

Итно ослободување на заложниците во Газа побараа 16 земји преку заедничка изјава. Според нив, тоа ќе придонесе за прекин на огнот и ќе овозможи испорака на хуманитарна помош.

Во текстот на изјавата се нагласува дека договорот за ослободување на заложниците ќе доведе до итен и продолжен прекин на огнот во Газа, што ќе овозможи испорака на дополнителна неопходна хуманитарна помош да се достави низ Газа и да доведе до сигурен крај на непријателствата и жителите на Газа ќе можат да се вратат во своите домови и имоти со претходно направени подготовки за обезбедување засолниште и хуманитарна помош.

„Ние силно ги поддржуваме тековните посреднички напори за враќање на нашиот народ дома. Го повторуваме нашиот повик до Хамас да ги ослободи заложниците и да ни дозволи да ставиме крај на оваа криза, за да можеме заеднички да ги фокусираме нашите напори за воспоставување мир и стабилност во регионот“, се додава во заедничката изјава на Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд, Обединетото Кралство и САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button