СПОРТФУДБАЛ

Шест екипи се борат за трите билети од второлигашкото друштво

Победниците од денешните бараж натпревари за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2025/26, ќе обезбедат место меѓу второлигашите следната сезона.

Advertisements

Најголемо внимание привлекува натпреварот во Кавадарци, каде ќе се соочат Осогово од Кочани и Шкендија Арачиново. Осогово ја заврши сезоната на 14. позиција во ВМФЛ, додека Шкендија е шампион на Северната регионална лига и ќе се обиде да стигне до второлигашкото друштво.

Во Скопје ќе се одиграат преостанатите два дуела. Преспа од Ресен ќе се сретне со Слога Виница на теренот на ФФМ, а на стадионот во Ѓорче Петров ќе се судрат Големо Коњари и поранешниот прволигаш Тетекс.

Според пропозициите на ФФМ, во случај натпреварите да завршат нерешено по 90 минути, нема да се играат продолженија – веднаш ќе се премине на изведување на пенали за добивање на победникот.

БАРАЖ НАТПРЕВАРИ (24 мај, 17 часот)

Кавадарци: Осогово – Шкендија Арачиново

Скопје (ФФМ): Преспа – Слога Виница

Скопје (Ѓорче Петров): Големо Коњари – Тетекс

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button