ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шест години од преспанскиот – дебата за (не)почитување на договорот

Шест години од преспанскиот – дебата за (не)почитување на договорот

Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, со кој заврши 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје. Со овој договор е сменето уставното име на државата. Како резултат на тоа, Северна Македонија влезе во НАТО, додека процесот на интеграција во Европската Унија продолжува, кој во моментов е блокиран од Бугарија.

Но, доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, која е противник на договорот ја врати дебатата дали овој договор ќе се почитува. Новата претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова, одбива да го користи уставното име на државата, иако ги потпишува официјалните документи со Северна Македонија. Поради оваа причина, прашањето за имплементацијата на Договорот од Преспа доби посебно внимание на средбата на шефовите на држави и влади во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Грција.

Во меѓувреме погледите се насочени кон мандатарот Христијан Мицкоски, кој се очекува следната недела да формира Влада. Тој изјави дека ќе го почитува Договорот од Преспа, но и Грција мора да ги исполни своите обврски.

Во меѓувреме, на почитувањето на Договорот од Преспа реагираа и Соединетите Американски Држави и Европската Унија, кои бараат од земјите да ги почитуваат меѓународните договори. По повод шестгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, во Атина се одржува дводневна конференција во организација на двајцата поранешни премиери кои го потпишаа договорот Зоран Заев и Алексис Ципрас./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button