СВЕТ
Шест лица повредени при отежнато слетување на авион на „Американ ерлајнс“ на аеродром на Хаваи

Еден патник и пет членови на екипажот се повредени кога авион на „Американ ерлајнс“ со потешкотии слета на аеродромот Кахулуи на Хаваите викендов.
„Летот 271 на „Американ ерлајнс“, на линија од Лос Анџелес (ЛАКС) до Мауи (ОГГ), доживеа проблем при слетувањето во ОГГ“, изјави Американ Ерлајнс во соопштението за Си-Ен-Ен.
Шестмината повредени се пренесени во болница и подоцна пуштени. Во авионот имало 167 патници и седум членови на екипажот.
Одделот за транспорт на Хаваи, исто така, потврди за CNN дека авионот „тешко слетал“ на аеродромот.
Федералната управа за авијација објави дека ќе го истражи случајот.