ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Шести ден протест против францускиот предлог

Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум не, благодарам“ почна шестиот по ред протест против предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на државава со ЕУ, предложена од Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни годинава. Според најавите, од Владата протестот ќе продолжи со марш до Министерството за правда, а ќе заврши пред Собранието.
-Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо пред Влада, преку Министерството за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедиј, и ќе завршиме пред Собранието, соопштија од иницијативата „Ултиматум-Не благодарам“.