СВЕТ

Шестмина загинати во експлозија во Истанбул

Шестмина загинати во експлозија во Истанбул

Шест лица загинаа, а 58 се повредени по експлозијата на бомба поставена на најфреквентната улица Истиклал во центарот на Истанбул. Детонацијата се случи во 16 часот и 20 минути по локално време додека на неа имало голем број минувачи. Главното јавно обвинителство во Истанбул започна истрага за експлозијата. Станува збор за една од најфреквентните улици во областа Бејоглу на кои има многу продавници каде во 2016 години имаше напад на бомбаш-самоубиец. Кривичниот суд на Истанбул забрани емитување на сите визуелни и аудио вести на медиумите и социјалните мрежи поврзани со денешната експлозија.

Advertisements

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button