МАКЕДОНИЈА

Шестоодделенците од Идризово конечно на настава, но во Чаир

По три месеци губење часови, учениците Албанци од Идризово започнаа со настава во шесто одделение во основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во Чаир. Како што најави министерот за образование Јетон Шаќири, децата од Идризово во ова училиште ќе учат привремено, односно до почетокот на второто полугодие. До тогаш тој уверува дека ќе биде отворена албанската паралелка во основното училиште „Његош“ во Гази Баба.

„Сите нè пречекаа многу добро. Постепено ни ги покажаа лекциите. Ќе ги научиме и нив.“

„Првиот ден бевме многу добро прифатени, од пријателите, класнатата. Ги добивме сите книги, сега сè што треба да направиме е да учиме“, рекоа учениците.

Учениците од Чаир велат дека ќе сторат сè за да им помогнат на своите врсници од Идризово.

„Ние како ученици ќе се обидеме да ги приближиме што е можно повеќе, да им дадеме информации за лекциите што ги учевме, да им дадеме некои книги. Верувам дека сите се подготвени да продолжат со настава.“

„Мора да бидеме пријатели заедно, во училницата сме како дома како сестри и браќа. Подготвени сме да им дадеме сè што имаме, она што сме го научиле за да ги научиме и нив“, додаваат учениците.

И покрај многуте изгубени часови, наставниците се оптимисти дека децата ќе го надоместат загубеното.

„Од лекциите што ги изгубија малку ќе имаат тешкотии, но нивната посветеност е потребна за да можат некако да ги стигнат своите другари. Сега ќе имаат и зимски празници каде што ќе можат да ги земат тетратките на своите пријатели и да се обидат малку да стапат во контакт со нив во текот на тие три недели“, вели Вјолца Груби, наставничка.

Во меѓувреме, во Министерството за образование за првпат добиле барање од општина Гази Баба за отворање на албанската паралелка за шесто одделение во основното училиште „Његош“, соопшти министерот Јетон Шаќири. Тој нагласи дека секоја комуникација со надлежните институции ќе биде документирана и предадена до меѓународните институции во случај општината да одбие да ја отвори паралелката.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button