ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шестоодделенците сè уште без учебници

И во вториот месец од учебната година учениците од основните училишта се соочуваат со недостиг на книги. Најпогодени се учениците од шесто одделение кои за првпат оваа година се вклучени во новиот наставен концепт и до денес немаат добиено никакви учебници.

Advertisements

„Не знам кога ќе пристигнат. Рекоа дека ќе биде брзо, за еден месец. Не знам, ни рекоа дека ќе ни дадат денеска, но не ни дадоа. Не копирав, но повеќето ученици имаат. Дали ќе ги копираш? Не, ќе ги чекам учебниците“, велат учениците.

Во очекување на книгите, учениците тргнаа да бараат по книжари и фотокопирници за некако да се снајдат. И покрај тоа што книгите се бесплатни, родителите мораа да платат над 1.500 денари за комплет книги за шесто одделение.

„За шесто одделение во моментов има шест учебници кои се целосно нови. Првите делови или првите поглавја се на веб-страницата на Министерството за образование и родителите бараат да ги копираат бидејќи сè уште нема нови. Наставниците продолжуваат со првото поглавје додека учениците не се снабдат со нови книги. Со фотокопии, можеби со 1.500 денари ќе се комплетираат, но тоа не е решение, таквиот материјал не мириса на книга, квалитетот е многу поразличен“, рече Седат Кока, сопственик на книжара.

За фотокопирање на книги интерес покажуваат и учениците од седмо, осмо и деветто одделение кои сè уште не се вклучени во новите реформи. Учебниците за овие одделенија се многу застарени и искинати.

„Ни недостасуваат книги како и секоја година, од шесто одделение до сега. Англиски, германски, математика, наука. Половина од нас имаат фотокопии, половина од нас имаат во телефоните, им кажавме на наставниците дека можеме да учиме од телефон…“

„Некои ги имам, некои други ми ги дадоа пријатели. Во училницата, каква е ситуацијата, има ли некој кој нема книги и кои книги? Албански и англиски. Оние што ги имаме се веќе уништени“, додаваат учениците.

Според извори на Алсат, во неколку училишта во текот на денов биле поделени примероци само од учебникот по албански јазик. За недостигот од учебници зборуваше и премиерот Ковачевски, кој рече дека Владата и Министерството за образование си ги завршиле сите процедури.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button