СПОРТ

Шифрин победи во слаломот во Флахау, 94 победа во кариерата

Американската скијачка Микаела Шифрин победи во слаломот во Флахау, натпреварување во рамките на Светскиот Куп. Шифрин победи со вкупно време од 1:49.35 минути.

Advertisements

Втора целта мина Петра Влхова од Словачка, со заостанување од 0,27 секунди, додека третото место го зазеде Швеѓанката Сара Хектор, со заостанување од 1,11 секунди од победничката.

Американката ја забележа 94. победа во кариерата. Во поредокот за слалом Шифрин е прва со 430 бодови, втора е Влхова со 425, а трета Германката Лара Дуер со 350 бодови. Шифрин е лидер и во вкупниот пласман за Светскиот Куп со 1.029 бода, го следи Влхова со 802, а трета е Италијанката Федерика Брињоне со 787 бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button