ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Шилегов и Ганиу ветуваат проширување на ул. „Цветан Димов“

Градоначалникот на Скопје, Шилегов и градоначалникот на Чаир, Ганиу, ветија проширување на улицата Цветан Димов, за што рекоа дека распишале тендер за проектирање на булеварот. Булеварот според презентираниот проект треба да биде широк 29 метри, додека градбата што се очекува да заврши за три години ќе чини околу 6,5 милиони евра.
„Тоа значи дека ќе има шест ленти, на средина со зеленило, тротоар, велосипедски ленти. Ќе биде со сите стандарди. Од големо значење е знаејќи дека општина Чаир има најголема густина во земјава“, рече Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.