
Шкендија ќе има сигурно повеќе од тешка задача во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите ова лето. Познати се сите можни противници на тетовци во стартното коло од квалификациите во најквалитетното европско клупско натпреварување. Шкендија, со коефициент 7.500, е меѓу неносителите пред ждрепката за првото квалификациско коло па тоа и носи и далеку потешки ривали на стартот од натпреварувањето.
Меѓу можните противници на Шкендија се бугарскиот шампиони Лудогорец, па шведскиот шампион Малме, романскиот ФЦСБ Стеауа, но и словенечкиот шампион Олимпија Љубљана, како и литвански Жалгирис, летонска Рига…
Ждрепката за 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите е закажана за 17. јуни во Нион. Првите натпревари од 1. коло, пак, се играат на 8/9. јули, а реванште се на 15/16. јули.