СПОРТФУДБАЛ

Шкендија и Силекс продолжуваат битката за титула, дерби во Скопје!

Со последните четири натпревари денеска се заокружува 29. коло во Првата македонска фудбалска лига. Без сомнение, најинтересна е битката за шампионската титула меѓу Шкендија и Силекс кои се на четири бода разлика.

Advertisements

Шкендија го пречекува Шкупи во натпреварот кој се игра без публика, а Силекс ќе има повеќе од тешка задача против финалистот во Купот, Струга ТЛ.

Во директна пресметка, пак, за третата позиција на табелата ќе се соочат Гостивар и Работнички. Bо случај на победа тогаш Гостивар ќе дојде на само минус еден бод во однос на тимот на Дебар Маало. Па така за Работнички се освен пораз ќе биде добро.

Во Битола се игра “братското дерби“, но сега за опстанок. Пелистер и Тиквеш се во крајно незгодна ситуација и секој бод им е потребен.

 

ДВОЈКИ ЗА 29. КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Битола: Пелистер – Тиквеш

Тетово: Шкендија – Шкупи

Кратово: Силекс – Струга ТЛ

Скопје: Гостивар – Работнички

Вардар – Беса 3:1

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button