СПОРТФУДБАЛ

Шкендија најдобро рангирана на УЕФА листатата од екипите во Македонија

Фудбалерите на Манчестер Сити се први на најновата листа на клупски коефициенти. Кога станува збор за националниот коефициент, убедливо прва на УЕФА листата е Англија. Македонија на оваа листа е на 50.место, додека од клубовите најдобар рејтинг има Шкендија (174. место).

Advertisements

Актуелните шампиони на Европа, Манчестер Сити, со коефициент 141.000 зад себе ги оставија Баерн (136.000), Реал (123.000), ПСЖ (108.000) и Ливерпул (103.000). Од македонските клубови најдобар рејтинг има Шкендија (174), следуваат Шкупи (178), Струга (328), Македонија ЃП, Силекс, АП Брера, Ренова.

Кога станува збор за националниот коефициент, Англија е убедливо прва со 98.803 поени, Шпанија е втора (85.614), Италија е трета (82.141), Германија е четврта (79.909), а Франција е петта (60.831). На оваа листа, во конкуренција на 55 држави, Македонија се наоѓа на 50.место. Зад Македонија се само Андора, Велс, Црна Гора, Гобралтар и Сан Марино.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button