СПОРТФУДБАЛ

Шкупи е нов лидер во домашното првенство, кикс на Струга Трим Лум

Шкупи е нов лидер во домашното првенство, откако во 19.коло ја победи Воска, а актуелниот шампион Струга Трим Лум, одигра без голови против Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Advertisements

Шкупи на домашен терен славеше лесна победа во дуелот со Воска. Два гола за Шкупи постигна новиот играч Емануел Гронер.

Шкендија победи кај Македонија Ѓорче Петров. Голот за победа и три бода го постигна Тотре од пенал.

Силекс доживеа пораз во Кратово од АП Брера. Гостите од Струмица со победата од 1:0 му го расипаа дебито на новиот тренер на Силекс, Александар Васовски.

Најнеизвесниот натпревар се одигра во Штип. Брегалница со головите на Ѓорѓиев со 87. и 98. минута го победи Тиквеш со 2:1.

Резултати, 19.коло:
Силекс – Брера 0:1
Шкупи – Воска 3:0
Брегалница – Тиквеш 2:1
Македонија ЃП – Шкендија 0:1
Работнички – Струга 0:0

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button