СПОРТФУДБАЛ

Шкупи по само две кола во новата сезона се реши за тренерска смена

Македонскиот прволигаш Шкупи по само две кола во новата сезона се реши за тренерска смена, бидејќи не е задоволен од работата на Ернест Ѓока. Поразот од Гостивар (2-0) во второто коло на ПМФЛ ја прели чашата и Шкупи се реши за промена.

Advertisements

Албанскиот стручњак кој на крајот на април седна на клупата на чаирчани не ги исполни очекувањата и по само седум официјални натпревари добива отказ. Се очекува Шкупи да го потврди заминувањето на тренерот и потенцијално неговиот наследник во следните денови.

Ѓока го водеше Шкупи против Тиквеш, Гостивар, Шкендија, Брера, Струга, Воска и Гостивар, запиша по две победи и нерешени, како и три порази, а во подготовките имаше само позитивни резултати. Во својата тренерска кариера Ернест Ѓока во ПМФЛ работеше и во тетовска Шкендија, со која се промовира во мак-фудбалот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button