СВЕТ
Шојгу: Истанбул станува главно место за преговори меѓу Русија и Украина

Истанбул стана главно место за преговори меѓу Русија и Украина, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.
„Истанбулската платформа станува главно место за преговори во сите области – во врска со Црното Море, Црноморскиот договор, договорот за жито, а сега и руско-украинските преговори“, рече Шојгу на состанокот со генералниот секретар на турскиот Национален совет за безбедност, Окаев Мемиш, објави ТАСС.
Тој му се заблагодари на турското раководство што го направи Истанбул место за руско-украинските преговори.