СПОРТФУДБАЛ

Шокантна вест: Тони Крос заминува во пензија!

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос објави дека ќе ја заврши професионалната кариера на крајот на Европското првенство (ЕП) кое се игра оваа година. Крос објави порака на социјалните мрежи во која потврди дека ја завршува богатата кариера.

„На 17 јули 2014 година пристигнав во Реал Мадрид, денот кој ми го промени животот. По 10 години, на крајот на оваа сезона ова поглавје доаѓа до крајот. Никогаш нема да го заборавам овој период. Исто така, оваа одлука значи дека ќе ја завршам кариерата по ЕП 2024“, кажа Крос.

Германецот во кариерата играше за Баерн Минхен, Баер Леверкузен, а од 2014 година го носеше дресот на „кралевите“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button