ВЕСТИСВЕТ

Шокантни снимки од Бразил: Огромни порои носат сѐ пред себе, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во бразилскиот град Петрополис на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро, потврди противпожарната бригада на бразилската сојузна држава Рио де Жанеиро.

Advertisements

За само шест часа во Петрополис наврнаа 260 милиметри дожд, што е повеќе од просекот за цел февруари, па беше прогласена вонредна состојба, а гувернерот Клаудио Кастро отпатува во погодената област за да ја покаже својата поддршка за настраданото население.

Претседателот Жаир Болсонаро, кој е во официјална посета на Русија, преку Твитер побара од своите министри „итна помош за настраданите“.

Дождот во погоденото подрачје престана, но според градските власти прогнозата е дека во следните неколку часа повторно ќе врне „слаб до умерен дожд“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button