ВЕСТИРЕГИОН

Шоле и Ескобар: Време е да се формира Заедница на српски општини

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, посочија дека е време да се формира Заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска.

Шоле и Ескобар, во авторски текст за приштинска Коха, објаснуваат како би изгледала Унијата и наведуваат дека една од најважните цели на САД на Западен Балкан е да помогне „да се создадат услови за здрави, мирни и стабилни односи меѓу Србија и Косово“, оценувајќи дека ова е историска можност што треба да ја искористат двете страни.

Како што објаснуваат, Заедницата би била структура за општини со мнозинско српско население која би ги координирала прашањата и услугите како што се образованието, здравството, урбаното и руралното планирање и локалниот економски развој, со други зборови функции кои се одговорност на сите општини на Косово.

Шоле и Ескобар посочуваат дека имплементацијата на Договорот за ЗСО е правно обврзувачка меѓународна обврска, која бара дејствување на Приштина, Белград, ЕУ, како и постојната посветеност на САД во поддршката на дијалогот со посредство на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button