ВЕСТИРЕГИОН

Шоле: Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe денеска побара од Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград, што се води со посредство на ЕУ, со цел нормализирање на односите меѓу двете страни.

Advertisements

Шоле заедно со пратеникот на Вашингтон за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се сретнаа со Османи во Њујорк.

„Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка заложба за евроатлантската иднина на Косово, за потребата од деескалација на ситуацијата и итен ангажман во дијалогот за нормализација на односите со Србија, со посредство на ЕУ. – што е клучно за регионалната стабилност и интеграција кон ЕУ“, напиша Шоле на социјалната мрежа Х.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button