СВЕТ
Шолц: Европските лидери ќе соработуваат со Трамп по неговата инаугурација во јануари
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека европските лидери ќе соработуваат со новиот американски претседател Доналд Трамп по неговата инаугурација во јануари.
Шолц нагласи дека Европската унија мора да остане силна во светло на конфликтите во Европа и Блискиот Исток, пренесува Би-Би-Си.
„Ќе ја продолжиме нашата добра соработка со идниот американски претседател. А прашањето како тоа може да се постигне е тема на нашата дискусија“, рече германската канцеларка.