СВЕТ
Шолц пристигна во ненадејна посета на Киев

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во ненадејна посета на Украина, со намера да изрази солидарност со таа земја во војната со руската страна и да и ја пренесе силната поддршка на Германија.
Тој пристигна во Киев рано утринава со ноќен воз, пренесува Тагесшау.
Солц ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе најави дополнителни испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра.