
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека во моментов не постои можност Украина да биде поканета во НАТО бидејќи, како што наведе, според него, земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата, објави Танјуг.
Шолц синоќа, за телевизијата ЗДФ, изјави дека земја во воена состојба дефинитивно не може да стане членка на НАТО и дека, како што наведе, сите се согласуваат со тој став.
Според Шолц, во моментов се разговара за „безбедносните гаранции“ по завршувањето на актуелната војна во Украина.