
Вечерва ќе почне Европското првенство (ЕП) со мечот меѓу Германија и Шкотска, а утре на програмата се три дуели од кои средбата меѓу Шпанија и Хрватска е највозбудлив.
Шпанците пред дуелот со Хрватска добија лоша вест, односно дефанзивецот Ејмерик Лапорт не е подготвен за настап.
Лапорт е еден од најстандардните дефанзивци на Шпанија и ќе ѝ недостига на неговата репрезентација.
Шпанија е во група заедно со Хрватска, Италија и Албанија.