СВЕТ

Шпанија на 10 февруари го укинува задолжителното носење маски на отворено

Владата на Шпанија од следниот четврток ќе го укине задолжителното носење маски на отворено како мерка против коронавирусот, изјави денеска министерката за здравство Каролина Даријас.

Advertisements

Мерката беше повторно воведена кон крајот на декември за да се спречи ширењето на варијантата омикрон.

„Кабинетот планира да ја одобри промената на својата неделна седница закажана за вторник и да ја стави во сила два дена подоцна. Владата секогаш велеше дека ќе трае само додека е строго неопходно“, изјави Даријас за радиото Ла СЕР.

Таа додаде дека стапката на инфекција паѓа веќе неколку дена, поради што владата верува дека ситуацијата е променета.

Во изминатите две недели стапката на инфекција со ковид-19, забележана во изминатите 14 дена, постојано се намалува, достигнувајќи 2 421 случаи на 100 000 луѓе во четвртокот, во однос на речиси 3 400 на почетокот на јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button