
Поранешниот дефанзивец на германската репрезентација Матс Хумелс преговара со шпанскиот прволигаш Мајорка. 35-годишниот германец е слободен агент, откако ја напушти Борусија Дортмунд.
Кон крајот на јули тој беше блиску до трансфер во Болоња, но по медицинските прегледи договорот не се реализира. Баер Леверкузен, Реал Мадрид и Брајтон исто така беа заинтересирани за Хумелс ова лето.
Во сезоната 2023/24, фудбалерот одигра 40 натпревари за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, постигна четири гола и забележа една асистенција.