
По само два месеци на клупата отказ за Диего Алонсо на тренерската позиција во Севилја. Како нов тренер на клубот се спомнува Кике Санчез Флорес.
По вчерашниот пораз од 0-3 од Гетафе, андалузискиот тим се одлучи да му врачи отказ на Алонсо што е четврта промена на тренер во клубот во само една година. Севилја е 12 меча без победа, испадна и од европските купопви, а минува низ очаен период.
„Фудбалскиот клуб Севилја објавува дека ја раскина соработката со тренерот Диего Алонсо. Му благодариме за ангажманот и му посакуваме се најдобро во иднина“ – се вели во кратката информација од Севилја.
Инаку, сезоната на клупата на Севилја ја почна Хозе Луис Мендилибар, но доби отказ на 8. октомври кога беше наследен од Алонсо.