
Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и покрај тоа што има договор до јуни 2026 година, тврди познатиот шпански новинар Рамон Алварез. Феноменалниот 43-годишен стручњак стекна огромна репутација благодарение на исклучителните резултати со Баер Леверкузен, со кој минатата сезона во германскиот фудбал.
„Планот на Реал Мадрид е кристално јасен. Тие сакаат да го ангажираат Чаби Алонсо како замена за Карло Анчелоти од следната сезона“.
Алварез нагласи дека Анчелоти е целосно свесен за ситуацијата и нема дилема што го чека на крајот од оваа сезона.
„Карло Анчелоти знае дека ова се неговите последни месеци на клупата на Реал Мадрид. Тој знае дека Чаби Алонсо ги одбил понудите од Баерн и Ливерпул и знае дека Реал планира иднина со него”.
Од друга страна, иако во јуни ќе наполни 66 години, Анчелоти не планира да ја заврши кариерата. Тој често нагласуваше дека не размислува за пензија, а се погласни се шпекулациите дека по Реал Мадрид би можел да стане селектор на некоја репрезентација.