ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штајнмајер утре доаѓа во Скопје

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија.

Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.

Германскиот претседател, според неговата агенда, се очекува утре напладне да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во 14 часот ќе се обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

На 30 ноември, Штајнмаер во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Штајнмаер, потоа заминува во посета на соседна Албанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button