ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штекли го преживеа и третиот обид за негова ликвидација

Трет обид за убиство на Раде Трајковски Штекли, откако утрово во 9.20 часот експлодираше бомба во дворот во куќата кадешто тој живее во скопската населба Ќерамидница. По експлозијата, Штекли беше пренесен во градската болница, не е во животнозагрозувака состојба, а според информациите на МВР, други повредени лица нема. Засега останува непознато во јавноста кој стои зад последниот напад врз Штекли.

Advertisements

„Информациите коишто ги добив до 10 часот се дека лицето не е во животнозагрузувачка состојба и дека се постапува од страна на службите од страна на службите во рамки на Министерството за внатрешни работи“, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Нападот врз Штекли пак претходно бил најавен на социјалната мрежа Тик-Ток и тоа со видео од експлозија во Ќерамидница и опис под видеото дека доаѓа катаклизма. Тошковски рече дека МВР нема да мижи и ќе го истражи случајот до крај. Штекли пак најпрво беше пренесен во градската болница општа болница „Св. Наум Охридски“, а потоа е упатен на дополнителни испитувања.

„По направените иницијални дијагностички постапки утврдени се изгореници во предел на лицето и на вратот и пациентот за време на испитувањата се пожали на намален слух на едното уво. Самите рани и опекотини се обработени во нашата установа, за дополнителни испитувања е испратен на Клиниката за уво нос и грло“, рече Небојша Настов, директор на градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Раде Трајковски Штекли беше екстрадиран во земјава од Србија поради негова наводна поврзаност со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, но официјално не беше обвинет откако не беа најдени докази против него. Во меѓувреме, по екстрадицијата од Белград тој одлежа шест месеци затвор во Шутка за друго дело. Минатата година пак, во период од само два месеци тој беше мета на два напади во трговскиот центар Ист Гејт, а во еден од нападите беше погоден со пет куршуми, по што беше опериран и спасен.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button