ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штетите од пожарите достигнаа 32,5 милиони евра

Дирекцијата за заштита и спасување и новата 2022 година ја почна со несервисирани авиони за гаснење пожари. Иако договорот со шпанската компанија  „Titan Firefighting Company S.L.“ е склучен лани во октомври, од тогаш до сега ниту еден ер трактор не е сервисиран. Моментално во Шпанија се сервисира  еден од нив. Дирекцијата за заштита и спасување има  три ертрактори, но моментално не е функционален ниту еден.

Advertisements

„Процесот на сервисирање е започнат, еден од авионите се наоѓа во Шпанија на сервисирање, а за другите два има динамичен план. Првиот авион веќе е таму и по сите проценки до крајот на февруари ќе се врати назад и ќе биде функционален за гасење пожари“, велаат од Дирекција за заштита и спасување

Сервисот на авионите ќе се одвива етапно. За еден авион сервисирањето ќе треа до 60 дена, по што ќе биде испратен и наредниот.Ако сервисирањето на првиот авион заврши во февруари, тогаш  последниот ертрактор би требало во јуни да биде спремен за гаснење на шумски пожари.

Договорот со „Titan Firefighting“ тежи 400.000 евра – пари  за сервисирање на сите три авиони. Но освен овие средства, државата уплати и над 265.000 евра на осигурителната компанија, бидејќи за да бидат сервисирани авионите мораа да бидат осигурани. Во меѓувреме, се набавува и гориво за нив. Тече тендерска постапка за набавка на керозин, со процената вредност од околу 40.000 евра. Сите овие трошоци за авионите да се стават во функција изнесуваат повеќе од 700 000 евра. Иако станува збор за висока сума на пари, треба да се има предвид клучната улога на ертракторите.  Лани во време на големите пожари, тие беа приземјени а државата мораше да бара помош од други држави. Институционлата неажурност да ги приспсоби ертракторите навреме, ја чинеше државата 32,5 милиони евра, колку што беше проценката за штетите од пожарите. Од „Национални шуми“ информираа дека во целата држава изгореле 450.000 кубни метри дрвја и 10.000 хектари земјиште и дека обновувањето на изгорениот шумски фонд ќе ја чини државата две милијарди денари. /Алсат.мк 

Игор Стефановски 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button